Околу два часа се потребни македонски државјани да влезат на територијата на Република Македонија кај бугарскиот граничнен премин Станке Лисичково каде од рано утрово е забележлива поголема колона возила. Како што информираат патници кои од Бугарија патуваат кон граничен премин Делчево, причината за задржувањето е пад на електронскиот систем.
Чекаме од 9 часот утрово. Ни рекоа дека има пад на електронскиот систем со кој се регулира движењето на патниците. Информација до кога ќе трае задржувањето се уште немаме. На ова ладно време она што ни преостанува е да чекаме во автомобилите, друг избор и немаме, велат македонски патници кои во моментот се наоѓаат од другата страна на граничниот премин Делчево.
Патниците кои се движат од границата на Република Македонија кон соседна Бугарија засега го немаат тој проблем. Од информациите на делчевската гранична служба во моментот сите потребни проверки траат кратко и не е забележано поголемо задржување.
Зголемување на интензитетот на сообраќајот, како што наведуваат делчевските граничари се очекува во попладневните часови кога поради пазарниот ден граѓаните од соседна Република Бугарија се враќаат од Делчево кон својата држава.
Comments are closed for this post.