Дистрибуцијата на нови надградби за „Виндоус 10“ постојано е придружена од неочекувани проблеми со работата на уредите. И покрај обидите на „Мајкрософт“, овие процеси се повторија со новата „Виндоус 10 октомври 2018“ надградба на компанијата. Таквите слабости имаат потенцијал да ги изложат на сериозен ризик доверливите информации на корисниците. „Енгаџет“ објавува дека „Мајкрософт“ веќе почнал да експериментира со нова функција наречена „Проект Соли“ (Project Soli).
Алатката за која станува збор е дизајнирана да ни даде целосна контрола врз нашите лични податоци. Ако имате информации кои што ги поседувате само вие и никој не може да им пристапи, оваа содржина може да се класифицира како доверлива. „Проект Соли“ ќе создаде персонализирана бази на податоци за корисниците, и секој ќе може да избере какви податоци се собираат за нив кога ќе работат со компјутери со „Виндоус 10“. Проектот Соли е базиран на т.н. „Концепт на обратна доверливост“.
Предвидена е и можноста да ги споделите вашите податоци со други, па дури и да генерирате приходи, додека го правите тоа. „Проект Соли“ се уште е во рана фаза на развој. „Мајкрософт“ сака да го направи алтернатива на методите, со кои „Фејсбук“ и „Гугл“ собираат и ги споделуваат нашите информации на Интернет. Следната голема надградба на „Виндоус 10“ ќе биде достапна во април, а потоа веројатно ќе дознаеме повеќе за можностите на оваа интересна карактеристика што ќе ја гарантира доверливоста на нашите податоци.
Comments are closed for this post.