Обединетите нации предупредија дека во изминатите три месеци се зголемува бројот на цивили убиени во судирите во источна Украина.
Проценките на светската организација велат дека во украинскиот конфликт досега биле убиени над 10.000 луѓе, а најмногу од жртвите загинале во првата година на конфликтот, односно од 2014 до 2015 година, по што беше договорен прекин на огнот. Сепак, од средината на мај до средината на август годинава загинале 12 цивили, а 93 биле ранети.
Ова е за една третина повеќе од бројот на жртви во претходниот трисемечен период.
Проруските сепаратисти контролираат делови од источна Украина, околу градовите Луханск и Доњецк, додека украинските сили се обидуваат да го спречат нивното ширење кон запад или кон брегот на Азовско Море.
Comments are closed for this post.