Вакцините се квалитетни и безбедни, тврди Клиниката за детски болести во Скопје.

„ЈЗУ Клиниката за детски болести ја поддржува иницијативата за имунизација на децата со МРП вакцина. Од имунолошки апсект е оправдана имунизацијата со што се заштитува детето, но придонесува и за искоренување на болеста”, се вели во соопштението.

Морбилите-ситните сипаници можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето и животот на заболените.

„Ги повикуваме сите родители да ги вакцинираат децата кои се невакцинирани. Вакцините се квалитетни и безбедни, и се единствен начин да се заштити колективниот имунитет”, додаваат од Клиниката за детски болести.