Најголем пропуст за настанот од 27 април во Собранието е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Уште при поднесувањето на обвинението истакнав дека со тоа предметот не е затворен и дека преземаме дејстија за целосно разјаснување на кривично правниот настан и кривична одговорност на сторителите. Во овој момент Обвинителството располага со докази за проширување на истрагата за организатори на настанот од 27 април. Наскоро, Обвинителството ќе покрене истрага и за нив. Голем проблем и одолговлекување на постапката направи непрофесионалното постапување од Обвинителството веднаш по настанот. Најголем пропуст е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено, нагласува Јовески.
Во врска со непостапувањето на тројцата обвинители, Гешковска, Биковски и Цветановски, како што вели, за нивната непрофесионалност поведена е дисциплинска постапка.
Комисијата одржа неколку седница, ги сослуша обвинителите и сведоците, меѓу нив и поранешниот јавен обвинител на Република Македонија. Очекувам наскоро да донесат одлука за дисциплинскиот предмет и нивната одговорност, истакнува Јовески во интервјуто за МИА кое ќе биде објавено денеска.
Comments are closed for this post.