На поколенија девојчиња омилената играчка-куклата „Барби“, годинава ќе го прослави својот 60-ти роденден, јавува Франс прес. Низ годините, визијата на куклата е повеќекратно изменета, но таа продолжува да го привлекува вниманието.
Шеесет години-тоа е многу долг период во индустријата со играчки, во која денес за успех се смета времетраење од три до пет години, гордо изјави Нејтан Бејнард, маркетинг директор за куклите „Барби“.
Секојдневно, во над 150 држави во светот, се продаваат по 58 милиони примероци од куклата „Барби“. Играчката е позната колку и брендовите како Кока-кола и Мекдоналдс, вели Бејнард.
Од нејзиното претставување на саемот на играчки на 9 март 1959 година во Њујорк, во светот се продадени над 1 милијарда примероци. Идејата за создавање на „Барби“ потекнала од Рут Хандлер додека ги раснела своите деца. Ќерка и Барбара имала ограничен избор на кукли и можела да се поистовети само со ликот на мајка и, додека син и мечтаел да стане астронаут, пилот или каубој. Куклата е крстена по нејзината ќерка Барбара и отсликува жена со нагласени женствени форми. Успехот бил целосен-само во 1959 година биле продадено 300.000 примероци од куклата „Барби“.
Само две години подоцна се појави машката верзија на куклата-Кен. Играчката станува астронаут уште во 1965 или четири години пред Нил Армстронг да стапне на Месечината.
Во моментов, „Барби“ се јавува во 200 различни професии, а првата црномуреста верзија е пуштена во продажба во 1968 година.
Comments are closed for this post.