Додека Оливер Спасовски си тера партиски агенди и дели партиски книшки во Куманово, во Македонија се лее крв по улици, по домови, и по угостителски објекти, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Крвавиот викенд за само 36 часа донесе три свирепи убиства. Освен ликвидацијата на човекот во Ѓорче Петров, вчера се случи и убиство во угостителски објект во Кичево и убиство во дом во Прилеп, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето тоа според него е резултат на непрофесионалноста и неспособноста на првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Comments are closed for this post.