Пита со месо во лимена кутија од Втората светска војна е пронајдена под дрвен под во хотел во градот Даглас на британскиот остров Ман, и беше изложена во локалниот музеј.
Божиќниот оброк му го испратила една жена на својот син морнар Фил Дејвис. Металната кутија е пронајдена во 1998 година при реновирање на хотелот, но останале досега заборавени во подрумот на музејот Менкс.
Оброкот и по 80 години изгледа прилично зачувано, благодарение на сувиот воздух под хотелскиот под.
„Ова се посебни делчиња од топли човечки приказни. Божиќ е вистинско време повторно да заблескаат“, изјави кустосот на Менкс, Метју Ричардсон.
Хотелите на крајбрежјето на Ман во Втората светска војна служеле како објекти за сместување на британските војници
Comments are closed for this post.