Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, им го честита Христовото раѓање на сите верници од католичка вероисповест и на православните што го прославуваат празникот.
Заев им посака на граѓаните да ги дочекаат идните денови во нивните домови и заедници водени од благословот на овој голем христијански празник и да бидат исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар.
Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека не поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен. Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ – порача Заев.
Comments are closed for this post.