Хуавеј планира да потроши милијарди долари за да докаже дека не е кинески шпион.
Кинескиот производителот на паметни телефони е решен да му докаже на светот дека не шпионира за Кина, поради што компанијата планира да инвестира две милијарди долари во безбедноста во следните 5 години.

Компанијата сака да ги подобри своите лабораториски капацитети и да ангажира нови експерти за безбедност, според извештајот на Ројтерс.

Хуавеј сака да ги негира оние кои се сомневаат дека со нивната  опрема може да се искористи за да се соберат информации кои компанијата би можела да ги сподели со владата во Пекинг.

Официјалните претставници на компанијата велат дека и покрај извештаите во медиумите и сомневањата од некои земји, нема докази дека нејзините производи може да претставуваат закана за безбедноста на некои земји.

На  почетокот на неделава, Германија соопшти дека не нашла никакви докази дека Хуавеј е  вклучена во сајбер-шпионажа.