Торнадото погоди едно предградие во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, при што во силниот ветер беа уништени неколку куќи и откорнало повеќе дрва.

Торнадото ја погодило областа јужно од градот Порт Орчард во два часот по локално време, соопшти метеоролошката служба на Сиетл на Твитер додавајќи дека нема извештаи за повредени лица.

Локалната телевизија Комо јави дека штета била пријавена не неколку места, а метеролошката служба соопшти дека ќе испрати експертски тим  кој ќе работи на проценка на штетите со екипите за вонредни ситуации.

Порт Орчард се наоѓа на околу 24 километри западно од Сиетл.