Инвестиции во инфраструктурни проекти, реформа во јавната администрација  дигитализација,  да нема често менување на законите. Ова се само дел од препораките на странските компании кои се присутни во земјава.

Во таканаречената Бела книга  на 120 страници,  компаниите до владата ги истакаа проблемите, но истовремено  даваат и предлог решенија како да се подобри бизнис климата во земјава. Свесни се дека нема решенија преку ноќ,   но рекоа дека овие барања ќе ги повторуваат постојано и постојано се додека  работите не се променат на подобро.

 

Премиерот Зоран Заев ги слушна проблемите и препораките од  бизнис заедницата. Изјави дека  2019 година ќе биде година на економијата. Македонија, рече Заев  наредната година ќе има политички меден месец. Евроатлатските интеграции ќе значат раздвижување на економијата. Доаѓа добро време за Македонија, рече Заев, со вин вин вин ситуација

Од Стопанска комора  истакнаа дека треба да се инвестира, односно државата да помага во дејности во кои се генерираат работни места. Ја истакаа потребата од недостиг на кфалификуван кадар за компаниите.

Инаку, Белата книга претставува документ, кој секоја година е изготвен од страна на странските инвеститори присутни во земјава . Во Македонија почна да излегува од 2006 година па наваму.