Најмалку двајца загинаа , а 11 лица се повредени во пукотниците на Божикен саем во центарот на францускиот град Стразбур.

Според полициски извори , напаѓачот е идентификуван и е во бегство. Не е јасно дали станува збор за терористички напад. Јавниот превоз во центарот на градот е запрен , а полицијата и специјалците се на улиците.

Медиумите јавуваат дека има и војска во центарот на Стразбур. Во градот пристигна и министерот за внатрешни работи.

Во центарот на градот настанала паника и метеж , јавуваат локаните медиуми