Македонија е подготвена да ја продлабочи и прошири соработката во регионот, низ добрососедски односи, и во овој контекст, постигнавме големи резултати. Ова се случи благодарение на подготвеноста и чувството на одговорност на земјите и политичките лидери во регионот. Но, подготвени сме да работиме на долгорочните интереси на регионот“ истакна премиерот зоран Заев во своетообраќање на Самитот на шефови на влади на Централно Европската Иницијатива во Загреб.
Тој ги посочи договорите со Бугарија и со Грција како важни во оваа насока и во обраќањето упати благодарност до бугарскиот и до грчкиот премиер, Бојко Борисов и Алексис Ципрас за придонесот во стабилизацијата на билатералните односи со Македонија, што придонесува и кон стабилизацијата во регионални рамки.
На Самитот, посебно е нагласена важноста на економското поврзување на државите како и придонесот на земјите во справувањето со мигрантската криза.
Македонија е европска земја и во географска и во политичка смисла. Преку неодамнешната бегалска криза, покажавме дека сме сигурен партнер во справувањето со безбедносните предизвици на Европа. Она што е значајно, е тесна соработка и координација за заштита на границите. Во овој момент и почитувајќи го присуството на комесарот Хан, би сакал да потврдам дека Македонија останува близок партнер на земјите со коишто веќе успеавме да оствариме успешна билатерална соработка како и во стратешките чекори на овој план“, рече премиерот Заев.
Во врска со економската соработка, рече дека таа е важен сегмент од евроатланска интеграција на Македонија и на регионот.
Нашата економија е главно поврзана со економиите на ЕУ и економиите од Западен Балкан. Напредокот во интеграцијата во ЕУ и НАТО носи поволни економски резултати. Јас сум и повеќе уверен дека сме на вистинскиот пат и за вашата поддршка и разбирање за ова. Реформите што ги правиме на домашниот план се насочени кон воспоставување демократска клима што ќе ја олесни фер конкуренцијата. Исто така, ги вклучуваме и бизнис и научните заедници во дизајнирањето на нашата долгорочна стратегија за меѓусебна поврзаност. Во напорите да одговориме на идните предизвици, ние особено треба да се фокусираме на прашањата на науката и младите, затоа што континуирано ширење на знаењето е предуслов за напредокот. Затоа, ние целосно го поддржуваме акцентот на науката и шансите за младите“, рече премиерот Заев.
На Самитот, чијшто фокус се изградбата на стабилност, просперитет и унапредување на соработката меѓу државите во регионот, Европа и светот, се претставници од 18 земји членки, меѓу кои и премиерите на Албанија и на Словачка, а на Самитот се присутни и еврокомесарот Јоханес Хан, претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, високи претставници на ОБСЕ и на Советот на Европа.
Премиерот Заев во Загреб е придружуван од владина делегација во состав: Кире Наумов, заменик министер за економија, Виктор Димовски, државен секретар во МНР и советници.
Comments are closed for this post.