Стивен Хиленбург, креаторот на популарната анимирана серија „Сунѓер Боб“, почина на 57 години.
Американскиот аниматор, сценарист и режисер во март минатата година објави дека боледува од амиотрофна латерална склероза (АЛС), но и покрај тоа, продолжи да работи на серијата на телевизијата „Никелодеон“, од која досега се емитувани околу 250 епизоди.
Неговите оригинални ликови и подводниот свет на Бикини Ботом долго ќе останат како пример за вредностите на оптимизам, пријателство и неограничена моќ на имагинацијата, се вели во соопштението на „Никелодеон“.
Comments are closed for this post.