Премиерот Зоран Заев ја потврди информацијата која ја објави Пресинг ТВ дека во сабота вечерта во Струмица се сретнал со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и поранешниот министер, Никола Тодоров.
Заев тврди дека темата на разговор било координативното тело за помирување.
Знаете дека намерата е покрај завршување на процесот на уставни амандмани и негово вградување во политичкиот естаблишмент. Тоа го праваиме зошто јасно изразената одговорност од Тодоров и Јанчев, верувам дека може да охрабри одредени пратеници кои што знаат кој е исправниот чекор, а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор. Навистина ќе сторам се до крајот на овој процес да имаме максимална консолидација за ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. Верувам дека бројкарта од 80 можеме да ја зголемиме и многу повеќе, верувам дека бројката ќе расте, изјави премиерот.
Иако Тодоров е исклучен од партијата, а Јанчев разрешен од партиските функции Заев верува дека тие имаат некакво влијание врз пратениците и затоа ги повикал на кафе во Струмица.
Пиевме кафе и разговаравме. Секако нивното влијание не е од политички позиции во партијата, заради тоа што тие се исклучени, но тие се ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека комуницираат со многу пратеници, така и тие потврдуваат и продолжуваме врз основа на разговори да го помогнеме целиот овој процес, изјави премиерот.
Comments are closed for this post.