Во Градскиот парк во Скопје, граѓанската платформа „Мрдни со прст“ организира целодневен настан со наслов „Мрдни со прст – пикник за сите“. Настанот ќе започне во 11.00 часот, а ќе заврши во 1.00 часот по полноќ и ќе биде отворен за сите заинтересирани.
Целта на овој настан е да се креира простор за граѓаните каде ќе можат заедно да спортуваат, да се забавуваат, но и да поразговараат за граѓанскиот активизам, да добијат можност да се приклучат на идни граѓански акции и да им покажат на другите дека секој може да донесе промени во своето општество, наведоа од граѓанската платформа.
Посочуваат дека настанот има за цел да понуди програма за сите возрасти и да креира простор за дружење и релаксација со повеќечасовно уживање со музика.
Од 11.00 часот до 14.00 часот ќе бидат организирани серија активности за најмладите, а истовремено ќе биде реализиран и спортско-забавен настан, што подразбира вежбање фитнес и јога со професионални инструктори под отворено небо, во кои можат да се вклучат сите возрасни групи граѓани.
Потоа, три часа ќе има дружба во „чил аут“ зоната, а од 17.30 часот до 19.00 часот ќе се одржи трибина под наслов „Нахрани го умот“.
Од 19.30 часот до 20.30 часот ќе бидат прикажани трите кратки филмови „Поинакви“, „Адолесцензура“ и „Поглед во очите“, а по филмовите ќе настапуваат неколку познати музичари и диџеи, меѓу кои и Гоце САФ, Тони Зен, Dj BoogieMan и Dj GameOver
Comments are closed for this post.