Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи до ФИФА, Светското првенство да се одржува на секои две, наместо на четири години, како што е сега, изјави претседателот на организацијата Алехандро Домингез.

Ние секогаш ќе ја поддржуваме идејата и предложивме на ФИФА да се одржува Светското првенство на секои две години, а не на четири. Наместо да се игра Лигата на нациите помеѓу турнирите, можеме да играме секоја година. Ако ја промениме формата, многу од фудбалерите ќе можат да играат на Светско четири пати во својата кариера, а не два, на пример. Понудивме на ФИФА светска лига на нациите или светско првенство на секои две години. Од економска гледна точка сметам дека ФИФА може да заработи пари, изјави Домингез за „Индепендент“.

Во однос на промената на фпрматот и тајмингот на одигрување на големите натпреварувања, ФИФА ја разгледува можноста да се одржи светска лига на нациите и клупско светско првенство во проширен формат.