Ви благодарам на сите што ми пишувате и се грижите за мене. Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудил на ништо. Овде добив помош, грижа и поддршка. чувствувам поддршката од целиот бугарски народ и тоа ми дава сила секој ден“ напиша денеска на Фејсбук- Ива Михаилова, девојката од Кочани која избега во Бугарија.
„За мене, во моментов најважно е целосно да оздравам. Се лекувам и правам сè што е можно за повторно да можам нормално да застанам на нозе. Ве молам, дозволете ми да оздравам во мир“ стои во нејзиниот пост на социјалната мрежа.
Нејзината реакција следува откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов синоќа објави делови од тајно снимени разговори во кои таа му раскажува за притисок од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).







Comments are closed for this post.