Кошаркарите на Портланд ноќеска на домашен терен го претрпеа првиот пораз во новата сезона откако загубија од Мемфис со убедливи 124:103. Гостинската екипа ја постигна петтата победа од исто толку натпревари.

Дуелот беше решен во вториот дел откако на полувреме беше нерешено 58:58, а во второто полувреме Мемфис беше поуспешен со 66:45. Предводници во победата на Мемфис беа: Камерон Бузер и Ајзеа Стујарт со по 18 поени.

На другите два дуела победија домашните екипи: Њу Орлеанс – Сакраменто 132:120 и Атланта – Кливленд 114:111.

Вечерва на програмата се десет натпревари.