Aналитичарот и безбедносен експерт Милан Стефаноски во поткастот „Наткас“ на Љупчо Цветановски даде свое видување на актуелните случувања на политичката сцена.
Имено, прашан за сихронизираноста на опозициската СДСМ со наративите на Софија, како и за нејзината улога на портпарол на Радев и промоција на неговите политики, Стефаноски рече:
-Секоја држава од калибарот на Бугарија, Русија мораат да имаат свои подизведувачи на територијата каде што тие ќе дејствуваат. Практично тие мора да имаат извршители, мора да имаат војници. Јас, во неколку пишани анализи ја пишав, ја дефинирав СДСМ како еден задграничен комодитет на Бугариската политика бидејќи нивната прес конференција, наратив и начин на дејствување е секогаш поврзано со бугарското расположение, вели аналитичарот и безбедносен експерт Милан Стефаноски во гостувањето во поткастот „Наткас“ на Љупчо Цветановски.
Стефаноски потенцира дека тој не видел дека СДСМ се обратил со некакво на пример „Отворено писмо“ или со некаква иницијатива да го осуди Румен Радев дека не учествува во санкциите од Европската Унија кон Руската федерација.
-Во крајна линија, ако Румен Радев во Европа го класифицираат како руска испостава, дека СДСМ на крајот од денот, со толку многу лош договор направен со Бугарија, кој реално не може да го одгатнат и најголемите бугарски авторитети бидејќи е направен да ние никогаш не направиме европски пробив, бидејќи Бугарија на сто, двеста, триста, петстотини места може да не блокира, затоа што некој така им дозволил, така се договориле, изјави Милан Стефаноски во гостувањето во поткастот „Наткас“ на Љупчо Цветановски.







Comments are closed for this post.