Peugeot 108 го зазеде првото место на листата на најсигурни половни автомобили на британската компанија „Warrantywise“ за 2026 година. За купувачите на кои им е потребен мал градски автомобил, ова е добра причина да го разгледаат овој модел, но и внимателно да проверат која верзија ја избираат.
Различни мотори се кријат зад истата етикета, а еднолитарскиот бензински мотор со потекло од Тојота особено се издвојува. Токму оваа поврзаност со јапонскиот производител е важен дел од приказната за автомобил кој се потпира на едноставна механика и скромни барања во секојдневното возење.







Comments are closed for this post.