По бранот критики и навреди на кои беше изложена на социјалните мрежи по финалето на Светското првенство, шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија, девојката на Ламин Јамал, за прв пат проговори.

Гарсија привлече големо внимание од јавноста на стадионот „Метлајф“ за време на прославата на шпанската титула, кога по победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство, се најде на теренот покрај ѕвездата на Барселона. Сепак, видеата и фотографиите од прославата набрзо ги преплавија мрежите, а корисниците масовно почнаа да коментираат за наводното растојание меѓу неа и Џамал. Врз основа на тие снимки, многумина заклучија дека врската на двојката е во криза, што предизвика вистинска лавина од негативни коментари против младата инфлуенсерка.