Капитенот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах по девет години во Ливерпул донесе одлука кариерата да ја продолжи во европски клуб. 34-годишниот Салах би требало да го облече дресот на Бешикташ. Договорот треба да биде на една година и да биде вреден 10 милиони евра дополнителни два милиона како бонус.

Клубот од Истанбул беше подготвен и за повеќе пари, но Салах сам решил да ги намали побарувањата, а клубот таа сума да ја вложува за други засилувања.

Член на Бешикташ од летово е и играчот на Арсенал Леандро Тросард, а меѓу желбите е српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Салах за Ливерпул одигра 442 натпревара постигна 257 голови со 123 асистенции. Пора во Ливерпул, Салах настапуваше за Рома, Челзи, Фиорентина, Базел, а кариерата ја почна во Ал-Мокавлон