Иако треба да е личност на милениумот, тој навистина се надева дека ќе му го заборавиме „она“. Демек, се повлече тој од политика, сега е „само бизнисмен“, со „легални“ бизниси и „легална“ заработувачка. Семеен човек, од народот, од Бога, од нивата. Ама, за среќа, од време на време ќе се појави, ненамерно, ама славно како во „најубавите“ времиња. Нашиот и ваш,
Зоран Заев
Прво, се појавија некои матни слики од Халкидики, како си летувка на јахта. Насмеан, насончан, најаден. Па, почнаа тука пресметки – негова ли е јахтата од пола милион или ја рента за 20 илјадарки неделно. Апсолутно е небитно. Човекот има пари. Легални пари, затоа што итарпејовци како него добро знаат која дупка во законот како да ја дупнат, за да биде во нивна корист. Па, братот за малку ќе ја легализираше марихуаната само за да им даде лиценци за фабрики на цела поширока фамилија. Тоа не му успеа, ама затоа многу други работи му успеаја. Дел ги знаеме, дел сме гизаборавиле, гоооолем дел не ги знаеме. Така што, небитно е дали е негова, на позајмица, изнајмена, најдена…
Битно е што си го прчи таму, а не во затвор. Не за „легалните” бизниси. За велепредавството.
И ете, стигаме до втората точка. Ставрос Цимас, познат грчки новинар што со децении ги следи односите на својата земја со соседите, објави нова книга насловена „Скриени аспекти на македонското прашање“. Во неа открива низа малку познати детали поврзани со Преспанскиот договор и односите меѓу Скопје и Атина по неговото потпишување.
Па така, од Цимас дознаваме дека летото 2019 година, кога имавме несреќа уште да ни е премиер, Заев летувал на Халкидики каде се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера. Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја обележале „добро вино, морски плодови и песни од познатиот грчки пејач Антонис Ремос“, караоке од негова Зорка.
Настанот се случил непосредно по доаѓањето на власт на Константинос Мицотакис и неговата партија Неа демократиа, која претходно отворено се спротивставуваше на Преспанскиот договор. Знаејќи дека Заев летува во Неа Скиони, преку заеднички пријател бил организиран неформален состанок во куќата на Маргаритис Схинас во Фурка (тогаш нов грчки комесар во ЕУ предложен од владата на Мицотакис, а подоцна потпретседател на ЕК), на кој присуствувале и други грчки политичари и нивни пријатели.
Целта била да се испита ставот на Заев кон новата грчка влада и нејзините намери во однос на Преспанскиот договор. Според Цимас, дел од тие дилеми биле расчистени токму на вечерата – 10 август пред седум години.
На вечерата присуствуваа пријатели со сопругите и познаници. Заев детално ги изложи своите планови за спроведување на реформите и исполнување на критериумите со кои беше решен да продолжи, но зборуваше и за своите политички потези во наредниот период, откривајќи дека планира да организира избори без оглед на исходот од европската перспектива, пишува грчкиот новинар.
Според Цимас, следното утро Заев бил значително поопуштен, откако од Схинас добил уверувања дека новата грчка влада нема намера да го доведува во прашање Преспанскиот договор.
Во еден момент од разговорот, пишува Цимас, Заев во шега предложил седница на Владата да се одржи на Касандра, каде што летувале дел од неговите министри, а доколку било потребно да заседава и парламентот, тоа да се случи во Солун за да можат да присуствуваат и пратениците што летувале во Переја.
Доста непознати детали открива Цимас, само во едно греши. Заев не се шегувал дека сака владината седница да е на Касандра. Таков си е тој, бизнис и плежр. Лубеници и флертување. Остров во замена за ќерката. Лигњи во замена за Македонија.
Традиционално, на празници на кои најмногу боли, на интернет кружи видеото од Киро Глигоров. Тој не ја дава Македонија. Кружи и анегдотата како во тие години не ја дал за 100 милиони. Ете, некому му биле доволни.
Подготви: М.М.







Comments are closed for this post.