Собранието во следните неколку денови интензивно ќе работи на носење на законите поврзани со реформската агенда, информира денеска на средба со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.
– Во однос на реформската агенда знаете дека 30 јуни е краен рок за гласање на законите од реформската агенда. Најголемиот дел од агендата на Собранието е организирана околу достигнување на тие рокови. Денеска имаме седница за пратенички прашања, утре ќе имаме седница, во понеделник најверојатно ќе свикаме нова седница, така што до 30 јуни ќе гледаме да поминеме се што доаѓа како предлог од Владата и од пратеници, а што е поврзано со реформската агенда – рече Гаши.
Што се однесува до седницата за реконструкција на Владата, ќе биде закажана кога предлогот ќе биде доставен до Собранието.
Ребалансот на Буџетот е веќе доставен во Собранието, а согласно процедурите се очекува тој да биде донесен кон крајот на јули.







Comments are closed for this post.