– Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во реакција околу дебатите за проектот за развој во областа Зврнец и Сазан, и загриженоста што ја изразија еколошките организации, наведува дека е во постојан контакт со премиерот Еди Рама и Владата и оти добиле гаранции дека овој проект ригорозно ќе ја почитува правната рамка на Европската Унија, во врска со заштитените подрачја и грижата за животната средина.
„Европската комисија е детално запознаена со документираниот административен процес во врска со Сазан и Зврнец, а самата комесарка Марта Кос јасно зборуваше во име на сите оние кои сакаат да се повикаат на фактите, напиша Рама споделувајќи видео од изјавата на Марта Кос.
Таа тврди дека албанската влада дала гаранции за овој проект, и порачува дека „сите треба да работиме врз основа на факти“.
„Албанија е една од земјите-авангарди во процесот на проширување и постигна значителен напредок во заштитата на животната средина. Овој напредок е вреден, признат и мора да се заштити. Во вакви ситуации, важно е сите да работиме врз основа на факти. ЕК е во постојан контакт со албанските власти, не само со премиерот Еди Рама. Добивме гаранции од Владата на Албанија дека ќе се спроведе целосна процена на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди. Фактот дека ова се случува додека Албанија поминува низ процесот на пристапување е значаен. Овој процес е правно и политички обврзувачки и е предмет на континуирано следење и евалуација, изјавила Кос.
Според неа во посета на Албанија била директорка за Западен Балкан, Валентина Суперти, која минатата недела во Тирана се сретнала со министерот за животна средина.
Додава дека во врска со проектот во областа како и за сите други развојни проекти во Албанија, тие мора да биде во согласност со законската рамка и стандардите утврдени во поглавјето за животна средина, поглавје 27 од процесот, е моментално отворено.

-Нашата улога ќе биде да потврдиме дали се исполнети релевантните стандарди. Дотогаш, ги охрабруваме албанските власти да продолжат да преземаат чекори што го поддржуваат исполнувањето на стандардите за затворање на поглавјата и да ѝ помогнат на Албанија да продолжи напред по својот европски пат. Во овој поглед, би сакала да додадам дека знаете колку е важно правото на протест за нас. Тоа е фундаментално право во нашата Унија и за сите земји кои имаат за цел да станат дел од неа. Среќена сум што гледам дека ова право се почитува во Албанија, оценила таа.
Во меѓувреме синоќа во Тирана беше одржан 16. протест „Фламинго револуција“, со најава дека ќе продолжат протестите се додека Рама не поднесе оставка и со извикувања „Рама во затвор“ „Бериша во затвор“.







Comments are closed for this post.