Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја.

Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на преговорите со ЕУ, додека претставниците на власта во Софија јасно посочиле во свои неодамнешни изјави, дека нивните апетити за македонската историја, јазик, култура сè уште поголеми.

Филипче добро знае дека уставните измени само ќе го отворат процесот на понатамошните ултиматуми за национални и идентитетски отстапки, кои ќе доаѓаат од бугарска страна, но свесно влегува во ова предавство со кое се додворува на Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт.

Тој филм Филипче нема да го гледа. Затоа што во Македонија на власт се доаѓа со победа на избори, не со предавство на народот и многу веројатно, народот ќе ги испрати во историјата. Граѓаните не прифаќаат уставни измени и поучени од предавството на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, поддршка за СДС нема да дадат.

Во однос на лагите и манипулациите за Реформската агенда, главен доказ кој им ги побива овие манипулации се финансиските средства кои Европската комисија и ги додели на Македонија, токму поради напредокот во спроведувањето на реформите. Од Програмата за раст Македонија доби 65,7 милиони евра, што претставува најголема сума од земјите во регионот кои Филипче, милува да ги набројува.

Ова е јасна потврда дека Владата посветено работи на спроведувањето на реформите и потврда дека Македонија најмногу напредува во Реформската агенда од сите земји во регионот.