Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе постави нов рекорд веќе на почетокот од Ролан Гарос, бидејќи дуелот од првото коло против Џовани Мпеци-Перикардо ќе биде негов 82-ри настап на Гренд слем турнирите. Ѓоковиќ со тоа ќе ги надмине Роџер Федерер и Фелисијано Лопез, кои досега го делеа рекордот со по 81 настап.

Српскиот тенисер доаѓа во Париз по многу малку натпревари на земјена подлога, бидејќи беше надвор од игра речиси два месеци поради повреда на десното рамо.