Од Европската Унија многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса, и е многу значаен во овие глобални случувања, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски посочува дека од ЕУ се заинтересирани и за Коридор 10, најдолгиот и највитален коридор, кој почнува во пристаништето Пиреја и завршува во Хелсинки.

-Така што многу се заинтересирани за двата коридора. Ние имаме среќа што двата паневропски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски Коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните, истакна вицепремиерот Николоски







Comments are closed for this post.