Безбедносниот аналитичар Милан Стефановски детално го појасни функционирањето на Член 5 од Повелбата на НАТО, нагласувајќи дека Алијансата се наоѓа во состојба на зголемена борбена готовност поради актуелните тензии на Блискиот Исток и нападите врз Турција.
„Членот 5 се активира веднаш штом една земја-членка ќе биде нападната на нејзина територија. Без разлика дали нападот доаѓа од држава или од милитантни групи, доколку се загрозени граѓаните, инфраструктурата или културните добра, НАТО реагира како еден“, истакна Стефановски за „4ТВ“.
Стефановски го спомна и примерот со Грција и нејзиниот одбранбен проект „Ахилов штит“, потенцирајќи дека НАТО разузнавачките служби веќе имаат мапирано критични точки каде би можело да дојде до ескалација.
„Атрактивноста на НАТО лежи токму во Членот 5. Тоа е превентивен механизам кој треба да го одврати секој потенцијален агресор, бидејќи секој напад врз една земја значи соочувањ







Comments are closed for this post.