Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а сегашен уставен судија, Добрила Кацарска за нејзините ставови дека обвинетите биле правично казнети и оти за тоа имало потврда од повисоките судови.
Ченто ја потсетува Кацарска дека рочиштата траеле од 12 до 15 часа дневно, дека имало селекција на докази и изјави и оти судија поротник јавно кажа дека под страв потпишале записник за пресудата.
Но фактите остануваат. Системот беше вклучен.Одлуките беа синхронизирани, унапредувањата дојдоа потоа.Времето ги открива улогите.Толку сега за сега можам да кажам. За скоро…..следете, порача Ченто.







Comments are closed for this post.