Дејан Јовановски и Ѓорѓе Војновиќ најавуваат реализација на документарниот филм за македонскиот “Бренд под Кошевите”, КК. Работнички – “Златната Генерација”
Џоле и Деко, идолите на многу генерации заедно ќе ја раскажат приказната за кошаркарскиот клуб од “Градски Парк” – Скопје, за неговата величественост и значење кое го имаше во времињата кога кошарката во Македонија доживеа експанзија на домашно и интернационално ниво .
Преку сопствените приказни и сеќавања како и разговори со останатите соиграчи и тренери кои беа дел од овој значаен кошаркарски клуб ќе ја доближат незаборавната приказна до сите гледачи од различни генерации, со цел да се поттикне желбата КК. Работнички повторно да се врати на нивото кое го заслужува и кое сите го посакуваат.
Продукцијата на филмот е на „Go For Sports“, а камерата е на Матеј Милев.







Comments are closed for this post.