Внимавајте, ѕидовите веќе немаат само уши, може да имаат и пари. Ако порано поговорката ѕид ѕидосано вар варосано означуваше јајце, по случајот со судијата Ристов тоа има сосема друго значење. Добредојдовте во опасни пет минути со Чавез.
Сте ја гледале серијата Наркос? Во таа серија, нарко босот Пабло Ескобар парите заработени од дрога ги криеше во ѕид. Кога го убија, неговите луѓе од доверба им кажаа на истражителите каде се скриени парите. 500 милјади долари, беа скриени во ѕид во една од неговите резиденциии. Сега барем знаеме кој им е идол на нашиве судии и обвинители. Судијата од Апелација Ѓоко Ристов, во викендицата на неговите родители во Неготино соѕидал 350.000 евра. Си мислам каква изолација имаа тие ѕидови и како не му беше страв да не фатат влага толку пари. Алал да му е на мајсторот..

За да биде филмот потполн и во стил на Ексобар, на судијата му се губи трагата. На работа рекол дека ќе земе неколку дена боледување а не се јавувал ни на мобилниот. Ние барем знаеме како завршуваат овие филмови , сме ги гледале неколку пати. Ристов за неколку дена гарант ќе пише стаус на Фејсбук како Артан Груби да не му вадат муабет дека избегал и дека ќе се врати за неколку дена. Или пак може како Васко Ковачевски нема ништо да пише за поздрав. Ако судијата навистина киднал, во Македонија не избегал само тој што не пробал.
Лидерска средба ли беше, саем за автомобили ли беше. Политичките лидери како да се натпреваруваа кој ќе дојде со полуксузен автомобилот на средба на која една од темите беше законот за прекршоци и проектот Сејф Сити. Мерцедес, Шкода, Ауди… се возилата во кои се возеа лидерите. Сепак ниту едно возило не може да се спореди со беемвето на лидерот на Беса Билал Касами. Тој дојде во бмв седмица. Имал стил Билал нема што. Ова бемве во зависност од опремата чини и до 150.000 евра. Ама неее, немојте ни да помислите дека тоа е возило на Касами. Го зел од другар, зошто неговото било на сервис. Добро бе, кој дава во денешно време така скапа кола, па нека е и најдобар другар. Знае ли тој другарот на Касами дека со Сејф сити ако шоферот на Касами крене над 50, казната ќе дојде директно кај пријателот. Ама па што има врска, другарството е важно, без другари е тажно, ако треба и казна ќе се плати. Што се 50 евра на таа пара, коментира авторот на колумната.
Кога сме кај лидерската, нешто и да ги пофалиме лидерите. Одамна немало ваква средба,без на крај да се скаараат како мали деца. Се согласија да се укине пржинската влада . Еве за да му направат атер на Филипче таа ќе остане и за следните избори а потоа ќе се укине. Венко може да биде спокоен, кога и да бидат изборите негови министри ќе бидат три месеци на власт. Три месеци три месеци а ич. Тие и онака на победа на избори не се надеваат туку дека некој друг ќе ги црпне, односно ќе ги донесе на власт.

Филипче го напушти дури и неговиот коалициски партнер Али Ахмети. Каков Европски фронт беа, жал ме фаќа што веќе не се заедно. Туку мене ми е страв што Ахмети така лесно се согласи да даде поддршка за законот за прекршоци кој е неопходен за да почнат да казнуваат камерите на Сејф сити. За Али така брзо да прифати казни да стигнуваат и на Албанци, оти тој само за нив се секира мора да бара нешто за возврат. Кај Ахмети се е компензација или кеш. Обично многу кеш.
Филипче и без да дојде на лидерска е главна тема за муабет .Не за арно се разбира. Жан Митрев јавно го обвини дека заедно со другар му Заев сакале да му ја земат Клинката. Јас не знам дали тоа е точно, ама Венко многу се наљути и се закани дека ќе го тужи докторот за клевета. Како работел Венко најубаво опиша Боки 13 со кого едно време беа шајка. Боки објасни дека Венко ништо не работел за џабе додека беше министер за здравство.
Kармата наречена „Македонија“ полека ги стигнува сите бугарски политичари. Изживувањето врз нас ги пензионираше Бојко Борисов, Кирил Петков, Красимир Каракачанов и сега најново оставка најави и претседателот Румен Радев. Како тргнало ќе им останат уште оние будалетинкине Андреј Ковачев, Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов.
За крај, да ги прашам оние судии и обвинители кои имаат два посто доверба и кои се жалат дека им се прави притисок. Си ги проверивте ѕидовите дома? Како што сте опуштени дека никој ништо не ви може, мало невнимание и ќе треба и вие да ги рушите.







Comments are closed for this post.