Иако официјално ја заврши својата професионална кариера пред три и пол години, славниот Швајцарец Роџер Федерер (44) покажа дека сè уште е во одлична форма.

Еден од најголемите тенисери на сите времиња приреди шоу за паметење за преполната „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн.

Одигра еден тај-брек на тренинг со 13-от тенисер во светот, Каспер Руд, и доминираше како во своите најдобри денови.