Откако денеска Јавното обвинителство до Адвокатската комора поднесе претставка против Мустафа Хајлурахи за искажаните ставови во телевизиска емисија, поранешниот обвинител за „Република“ се јави со коментар. Тој вели дека е вџашен од реакцијата на в.д Јавниот обвинител Анита Тополова Исајловска.
Тој ги демантира сите наводи изнесени во претставката и смета дека се паушални. Според Хајлурахи, Исајлоска се смета за загрозена од неговата изјава дека ,, размислува да конкурираа за местото Републички јавен обвинител“.
Неможејќи да поднесе конкуренција, на овој начин се справува со истата. Да биде појасно за читателите, во претставката поднесена до Адвокатската комора на РСМ наведено е дека ,,Јавното обвинителство во целост ги отфрла ваквите неосновани напади, кои претставуваат обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството. Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи, реагира Хајлурахи за „Република“
Хајлураху, кој во моментов работи како адвокат убедува дека никого не нападнал или се обидел лично да дискредитира, туку едноставно ги кажал неговите видувања по однос на моменталната ситуација во која се наоѓа Јавното обвинителство.

Ако некој се нашол повикан, тоа не е мој проблем. По однос на цитираниот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите а кој се однесува на личното рекламирање на адвокатот истиот гласи ,,Адвокатот не смее да се рекламира или да бара личен публицитет на недостоен начин ,, и дека не се смета за рекламирање објавувањето на основни податоци за адвокатот на наеговата лична веб страница на интернет туку забрането е истакнување на имиња и називите на клиентите кои адвокатот ги застапувал и ги застапува на неговата веб страна. Ова значи дека од страна на подносителот на претставката, наводите во истата се паушални и истите ги сметам за вид на притисок кон мене а се со цел да не конкурирам на објавениот оглас за местото Јавен обвинител на РСМ. По однос на општиот принцип бр. 1 од Истоимениот Кодекс ќе наведам дека истиот гласи ,, Во извршување на своите обврски адвокатот е независен и не смее да дозволи никакви влијанија од трети лица или неговите лични интереси или интересите на трети лица и надворешен притисок да влијае на него во извршувањето на неговите обврски кон клиентот.
Хајлураху потсетува дека адвокатот е должен да не дозволи никакво нарушување на неговата независност и да не ги прекрши своите професионални принципи со цел да удоволи било кому па и на неговиот клиент,,
Што значи, драга поранешна почитувана колешка, во никој случај нема да дозволам, Вие од позиција на моќ, како в.д Јавен обвинител на РСМ да влијаете на моите настапи и моите искажани мислења а кои се однесуваат на подобрување на моменталната хаотична состојба во која се наоѓа Јавното обвинителство на РСМ, додава Хајлурахи.







Comments are closed for this post.