Седумкратната грен слем шампионка, американската тенисерка Венус Вилијамс (45), се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, озаконувајќи го бракот со втората венчавка која се одржа во Палм Бич во Флорида.
Првата венчавка се одржа во септември во Италија, но бидејќи Венус Вилијамс не е италијанска државјанка, двојката ќе мораше да чека осум месеци за официјални документи за брак, па затоа одлучија да направат уште една венчавка.
Свадбената церемонија во Флорида траеше шест денови.
Американската тенисерка го запозна својот иден сопруг на модната недела во Милано, а се свршија во јануари оваа година во Тоскана.
„По нашите средби во Лондон, знаев дека ќе се омажам за него, изјави Венус Вилијамс за списанието „Вог“, додавајќи дека нејзината сестра Серена Вилијамс им подарила јахта.
„Серена ни подари прекрасна јахта и направи речиси сè што е потребно за да ја организираме венчавката. Десет до дванаесет наши пријатели и членови на семејството се собраа на јахтата, пеевме, танцувавме и уживавме во друштвото што се собра, додаде американската тенисерка.
Венус се врати на тенискиот терен на Отвореното првенство на САД оваа година по двегодишно привремено пензионирање. На грен слем турнирот во Њујорк, таа стигна до четвртфиналето во двојки, а играше и во поединечна конкуренција, завршувајќи го настапот во првото коло







Comments are closed for this post.