Со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формира Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија.

фото МИА

Целта е јасна: расветлување на пропустите, утврдување одговорност каде што постои и унапредување на системите што треба да ги штитат граѓаните. Покрај Кочани, ќе се испитува и Модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс и Беса Транс.