34 годишниот Зохран Кваме Мамдани кој е избран за градоначалник на Њујорк е роден во Кампала, Уганда. Средното име му е во чест на првиот претседател на Гана, Кваме Нкрумах. Американските медиуми пишуваат дека тој се лути кога му го грешат името па наместо Зохран го нарекуваат Зоран.
Биографија на Зохран Мамдани
Зохран Мамдани е роден во Уганда во 1990 година, а на седумгодишна возраст со своето семејство се преселил во Њујорк. Дипломирал на Универзитетот „Колумбија“, а пред да влезе во политиката работел како организатор на заедницата во Квинс, ангажиран во иницијативи за домување, права на мигрантите и пристап до јавни услуги.
Неговата победа се смета за историски момент не само за градот Њујорк, туку и за американската левица, која сè почесто добива поддршка кај младите гласачи и имигрантските заедници.







Comments are closed for this post.