Никој не може да го има Скопје, туку Скопје го поседува секој еден од нас!Скопје, ако ги отвориш срцето и умот те поскопјанчува. Ако дозволиш, Скопје те прави господин и те превоспитува.Скопје е институција, главен град, културната воздишка и историскиот момент на државата.Клучното прашање на секој од нас кој има чест да живее во Скопје е што е Скопје?!Од призмата на моите очи и душа кои Скопје го гледаат од 2000 година кога и се доселив.За мене Скопје е културна револуција за секоја единка. Најпосакуваниот град за создавање преспектива, вели безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.

Тоа е градот на опјоните мириси на липата кои го пречекуваат летото и мирисот на маглата која ја креира зимската романса.Тоа е градот на симитот од Чаир и бурекот од пазарче Буњаковец.Градот на сендвичот од 7ца и ќебапот од Чаршија.Домот на убавата чорба од Бристол или Дојрана.Градот на зурлите и тапаните кои го означуваат секој успех во животот и убавите моменти на матурата, дипломската или веридбата.Тоа е градот на Соборниот храм на црквата каде се слуша детскиот плач, судбиносното ДА и велигденската магија.Тоа е градот на секоја голема средношколска и студенска љубов.Градот на љубовните воздишки на Водно и градскиот  парк и љубовните разочарувања на кејот.Тоа е градот на споменикот на Александар, градот на музети и галериите.

Градот на Мајка Тереза на Влатко и Горан Стефаноски

Домот на Тоше Проевски, Есма Реџепова и Дарко ПанчевНа сите знајни и незнајни  легенди, боеми и спортисти.Градот на маалата и малскиот живот.

Градот на другарите од средно и колегите од факултет.Скопје те пречекува со патриотското Ѓорче, а те испраќа со борбената Автокоманда.Домот на сите наши политичари и историчари, но и на професори и хедонисти.Домот на спортот, Водно, Матка и Катланово.На чуварите на Скопје, Комитите.На гордоста на Скопје, ФК Вардар.Градот на преспективите и прогресотГлавниот град на славната историја на Македонија.Скопје е град кои во секое ќоше има магија и мирис на минатото.

Може многу да набројувам.Скопје мене ми даде многу, а јас му вратив со почит и љубов.Тој е град каде што треба да се почитува асфалтот, улицата и ликовите.Ако го сакаш Скопје и тој ќе те сака тебе.Скопје се чува.Тој може да биде зелен и урбан град.Чест ми е што на Скопје му дадов 25 години од мојот живот, а тој ми ги поклони сите среќни моменти.Моите ќерки Зои, Кира и Ника се прва генерација родени во Скопје и тоа ќе биде нивна чест цел нивни живот.Јас и мојата сопруга сме дојдени во Скопје и дозволивме Градот да не’ направи подобри луѓе.

Скопје е мој и Ваш Град

И, тој заслужува да го води Орце Ѓоргиевски.Затоа што од сето ова погоре знам дека Орце го  носи во срцето и душата.Го знам татко му, еснаф човек.Дете од фамилија што би рекле постарите.Си држи до зборот и образот.Знам дека Камениот мост, Калето, Водно, Матка, музеите и театрите ќе имаат светли моменти и ќе создаваат нови приказни.Знам дека чистењето отпад ќе биде дневна рутина.Орце е човек од нашата генерација.Онаа која транзицијата ги повреди до таа мера што сме спремни да го обновиме Скопје, жртвувајќи го нашето секојдневие и мерен семеен живот.Орце ја одбра борбата за Скопје.Таа ќе биде тешка.Да му се придружиме да победи.Таа е и наша битка.