– Поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, би можел да стане тренер на Манчестер јунајтед ако Рубен Аморим ја напушти својата функција, објави „Сан“.
Шеесетгодишниот италијански фудбалски стручњак, како и косопственикот на клубот Џим Ратклиф, живее на југот на Франција. Тие од неодамна често се гледаат на друштвени настани.
Манчини работеше во Англија, тренирајќи го Манчестер сити од 2009 до 2013 година. Под негово водство, тимот ја освои титулата во Премиер лигата во 2012 година.
Последна тренерска позиција на Манчини беше репрезентацијата на Саудиска Арабија, која ја напушти во октомври 2023 година.
Манчестер Јунајтед има 10 бода по седум натпревари во тековната сезона во Премиер лигата и е на 10. место
Comments are closed for this post.