Поранешниот претседател на Сирија, Башар ал-Асад, наводно е итно префрлен во болница и е отруен.

Како што објави британскиот „Дејли меил“, има извештаи за обид за атентат врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад во Москва. На Асад му е даден политички азил во Русија откако беше соборен пред десет месеци.

Изворот тврди дека Асад „бил отруен“ и дека мотивот за атентатот бил „да се компромитира руската влада и да се обвини за соучество“ во неговата смрт. Според извештајот, состојбата на Асад сега е „стабилна“.