Поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец, а сега тренер, Роберт Просинечки, во интервју за шпанскиот весник „АБЦ“ рече дека во негово време играчите повеќе уживале во фудбалот, но денес не се толку фокусирани поради социјалните медиуми, парите и други работи кои го обликуваат модерниот начин на живот.
„Во наше време не се размислуваше премногу. Немаше толку многу работи кои ти го одвлекуваат вниманието, немаше социјални медиуми, видеа, ТикТок … Ништо слично. Следниот ден ќе читавме весник, и тоа беше главно сè“, рече 56-годишниот Просинечки, кој со Црвена ѕвезда ја освои европската титула во 1991 година пред да ја продолжи кариерата во шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Просинечки истакна дека лично толку многу го сакал фудбалот што би го играл бесплатно.
„Да можев, ќе продолжев да играм. Сè уште има многу таленти денес, но во наше време се забавувавме многу повеќе“, додаде Просинечки
Comments are closed for this post.