Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите истакна дека коалицијата што ја предводи ќе има убедлива победа на локалните избори, но тоа не значи дека ќе има предвремени парламентарни избори напролет.

Коментирајќи ја засилената реторика пред изборите, посебно од ДУИ, Премиерот истакна дека таа партија и нема што да понуди.

Кога би гледале од партиски интерес, нам би ни одговарале парламентарни избори со оглед на резултатот на локалните на кои ќе оствариме убедлива победа. Но, ако го гледаме државниот интерес тоа не ни одговара, бидејќи ќе се закочат реформите, а тоа не е чесно кон граѓаните. Да повторам, нема да одиме на предвремени избори“, вели Мицкоски.