Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, во интервју за „ESPN“ изјави дека сака да остане со „Кариоките“ до 2030 година.
– Да, сакам да ја тренирам бразилската репрезентација од 2023 година. Подготовките за Светското првенство се нешто посебно за бразилската репрезентација. Потпишав едногодишен договор. По Светското првенство, сè ќе биде јасно. Мислам дека беше исправно во тој момент да потпишам едногодишен договор. Немам проблем ако конфедерацијата сака да продолжи со соработката. Нема проблем. Како што реков, многу сум среќен тука, моето семејство е исто така среќно. Имаме време да разговараме за тоа, не сум против продолжување на работата. Да останам до 2030 година? Тоа би било одлично, рече Анчелоти.
Италијанскиот фудбалски стручњак, исто така, истакна дека за да му се олесни адаптацијата на животот во Бразил, тој посетува часови по португалски јазик.
Под водство на Анчелоти, Бразилците одиграа четири натпревари: победи над Парагвај и Чиле, нерешено против Еквадор и пораз од Боливија. Бразилците се квалификуваа на Светското првенство 2026 година.
Во октомври, бразилската репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари – против Кореја (10 октомври) и против Јапонија (14 октомври).
Comments are closed for this post.