Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми и не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно наследство.
Овој објект овдека, оваа населба овдека и заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го посетуваат Охрид.
Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.
Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.
Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода, наколна населба во заливот на Коските во Охрид.
Comments are closed for this post.