Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје.
Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економка доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓам – рече премиерот Мицкоски.
Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1.
Се работи за инвестиција од вредност од од шест милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10 000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места, како што кажа и претседателот на управниот одбор ќе дојдеме до бројка до 500 работни места кои што ќе произведуваат овде во произдоствените капацитети на компанијата „Чагатај Кабло“ – додаде Мицкоски.
Тој истакна дека ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде во нашата татковина.
Ова е само еден од многуте примери како се создава економски раст, не со теории, туку со конкретни објекти, не со пароли, туку со нови работни места, не со зборови, туку со нова хала што се гради – потенцира Мицкоски во обраќањето.
Comments are closed for this post.