Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со остро соопштение откако бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Причината за повикот беше употребата на придавката „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во обраќањето кон премиерот Христијан Мицкоски.
Запрашан за реакција, Мицкоски вчера го нарече Георгиев „момче“, велејќи дека е „исто како кога глушец задева лав“.
Од Бугарскот МНР велат дека бугарскиот амбасадор го изразил своето изненадување од причината за неговото повикување, особено во контекст на, како што стои, низа непријателски пораки и дејствија што доаѓаа од претставници на властите во Македонија во последните месеци.
-Радуков експлицитно нагласи дека во „јавниот простор, официјалните власти на Република Македонија систематски и намерно покажуваат недостаток на почит кон Бугарија.
Comments are closed for this post.