Вчера во Европскиот парламент каде на мегдан се спротиставуваат политиките на широкиот спектар на партии, победи луцидната и иритирачка агенда која има за цел да ја подели Европа на суверинистичка и неолиберална компонента.
Не секоја добиена битка значи и добивање на “војната”, но во големата слика изгуби Европа, и таа онаа Европа која беше промотор и заштитник на културниот, јазичниот и религискиот спектар на засебниот идентитет. Европа која се дефенираше после втората светска војна повеќе не постои,анализира безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.
Според него, таму каде што победува политиката виза ви принципите и кретириумите, поразена е идеата на демократијата и слободата.
Сојузните на неолибералниот поредок или остатоците од него ги имаме дома.Петтата колона во ликот на СДСМ ги урниса стратешките позиции на Македонија во надворешната политика, одземајќи и ги механизмите на дипломатијата да боксува подобра позиција.
Требаше ВМРО ДПМНЕ да потпишува стратешко партнерство со САД, Велика Британија, Унгарија, Израел итн за да го врати колку толку балансот на силите на една мала држава која со вековното постоење ги фрустрира пола од соседите.
А, во суштина, што и да очекуваме кога петтата колона на СДСМ, Заев и Филипче, Димитров и Османи сменија знаме, устав, име итн.
И, ова вчера е фактурата која ја плаќаме денес после ручекот каде ја изедоа Македонија цели триесетина години, на менито послужено од непренципиелни и злобни сили, додава Стефановски.
Договорот од Нивици ја подотвори вратата за соседните апетити и тоа е непобитен факт.
И, што е тука е.
Македонија се навикна низ годините да расте во непринципиелен свет, затоа нашиот имунитет е навикнат на повеќето вируси кои кружат секоја сезона.
Нема воопшто простор за нервоза, освен за разочарување, но другиот ден борбата продолжува.
Софија ги мобилизираше своите ресурси како никогаш до сега токму затоа што оваа Влада ја искачи дипломатијата на друго ниво после дипломатската активност со Вашингтон, Лондон и Будимпешта.
Сега доаѓа времето за силна афирмација и уште посилни врски со Европа која се променува, со партнерства кои почитуваат на принципи и вредности.
А, што со оваа Европа?!
Па таа сега е помеѓу наковалната и чеканот.
Помеѓу САД и Русија и Кина.
Од оваа Европа која е во политички залез заради кратковидоста очекувам да изгласаат извештај каде препорачуваат во САД да нема Српски свет заради писмото на Вучиќ до Трамп, а и препорачуваат на Русија да внимава на Бугарски свет заради големиот раст на политичката партија Преродба во Русија.
Иронијата има смисла каде паргмата нема
Comments are closed for this post.