Двократниот победник на Вимблдон Карлос Алкараз од Шпанија без поголеми проблеми оствари победа во мечот од второто коло. Тој го совлада домашниот тенисер Британецот Оливер Тарвет со 3:0 во сетови (6:1, 6:4 и 6:4).

По доминацијата во првиот сет Британецот Тарвет (733.место АТП) на моменти бодрен од домашните навивачи поведе со 2:0 во гемови на стартот од вториот сет, а потоа и водеше и со 4:3, но Алкараз освои три гема и го доби сетот со 6:4. Во третиот сет беше нерешено до 3:3, но до крајот шпанскиот тенисер без многу напори го потврди сетот.

Во следната рунда Карлос Алкараз ќе игра со победникот од мечот Феликс Оже Алиасиме (Канада) и Јан – Ленар Штруф (Германија).